top of page

Здрав, сигурен, способен, спремен и мотивиран работник - врвен општествен приоритет.

ВЛИЈАНИЕТО НА ЕПИДЕМИОЛОГИЈАТА ВРЗ БИЗНИС СЕКТОРОТ


Здрав, сигурен, способен, спремен и мотивиран работник не е само индивидуална цел, туку и врвен општествен приоритет, што се обезбедува преку навремена превенција - најважниот сегмент во спречувањето на појава на заболувања кои може да настанат заради негативно влијание на факторите на микроклимата во работната средина - општа нехигиена, појава на патогени микроорганизми (бактерии, вируси, паразити), штетни инсекти (муви, комарци, оси, буба шваби и др.) и штетни глодари (глувци, стаорци). И не само во однос на здравјето на луѓето, туку и во однос на спречување на материјална штета од страна на штетни глодари (оштетување на печатена документација, опрема).

Институции, закони, прописи, работни организации и поединци кои директно се вклучени во постигнување на оваа цел, го чинат она што се нарекува систем за безбедност и здравје при работа во Република Северна Македонија.


Секој човек значаен дел од својот живот поминува на работното место. Работата претставува неопходност и услов за обезбедување на егзистенција, но и постојан предизивик за безбедноста и здравјето на секоја единка во заедницата во целина. Човекот работи за да создаде, за да заработи, за да ги исполни своите професионални цели, за да напредува и усовршува. Но, примарна цел на секој работен човек треба да биде зачувување на физичкото и психичкото здравје во тек на работниот век, како би можел непречено и долговечно да ужива во плодовите на својата работа.



Опасности и штетности кои се, во поголема или помала мера, присутни на секое работно место може да доведат до повредување или нарушување на здравјето на работникот. Степенот на конкретната опасност и штетност се дефинира преку ризикот како комбинација на веројатност и последица на опасниот настан. Превентивните мерки и мерките на заштита претставуваат активности насочени кон намалување на ризикот и елиминација на опасноста/штетноста.


Со цел превенција на заболувања кои може да настанат заради негативно влијание на факторите на микроклимата како резултат на нехигиена на работната средина и опасност од појава и ширење на заразна болест предизвикана од микроорганизми или пренесена преку вектори (муви, комарци, оси, крлежи, др. штетни инсекти, штетни глодари - глувци, стаорци), губење на работоспособноста, отсуство од работа, боледување, реметење на работниот процес, време на рехабилитација до враќање на потполната работоспособност, наједноставната активност е спроведување на превентивна дезинфекција, дезинсекција и дератизација, со важно место и улога во епидемиологијата т.е. во контролата на заразните болести.

Особено во моментов на активна пандемија, најбезбедно зачувување на здрава работна средина, е редовно спроведување на превентивна дезинфекција.

Дезинфекција, дезинсекција и дератизација се методи за сузбивање и уништување на организми, предизвикувачи и преносители на заразни заболувања, предизвикувачи на токсични или алергиски реакции кај луѓето:

· Дезинфекција – претставува збир на постапки и мерки со кои се уништуваат и отстрануваат микроорганизмите (бактерии, вируси, паразити) во човековата средина, предизвикувачи на заразни болести;

· Дезинсекција – збир на мерки со кои се врши сузбивање или уништување на штетни инсекти, потенцијални преносители на заразни болести;

· Дератизација – уништување на штетни глодари, преносители на заразни болести и предизвикувачи на значајни економски штети.


Прим мр сц д-р Биљана Даниловска, спец.епидемиолог

“Еко-Чистота“ ДОО Скопје


263 views3 comments

Recent Posts

See All
bottom of page